Почина Мирослав Лазански

Почина српскиот новинар, воен аналитичар, политичар и дипломат Мирослав Лазански на 71-годишна возраст.

Лазански починал во својот дом во Белград како последица на срцев удар, како што пренесуваат медиумите во регионот.

Лазански пишуваше за загрепските весници „Полет“, „Вјесник“, „Данас“ и „Старт“. Во февруари 1991 година се пресели во Белград и почнал да пишува за дневниот весник „Политика“. Пишуваше и за „Политика експрес“, „НИН“, „Вечерње новости“, „Катимерини“, „Дајмонд викли“ и „Секјуритаријан“. Напиша десет книги и е автор на десетина телевизиски серијали.

Известуваше од војните во Авганистан, Бејрут, Чеченија, Заир, Либан, конфликтот Ирак-Иран, за време на операцијата Пустинска бура, за време на војната во Босна и Херцеговина, Словенија, Косово, Либија итн.

Интервјуираше двајца врвни команданти на НАТО, тројца маршали на СССР, шефови на КГБ, на КХАД, педесетина министри за одбрана и началници на генералштабовите на светските армии, вклучувајќи ги и началниците на генералштабовите на Руската Федерација, кинеската и јапонската војска. Единствениот југословенски новинар што пловеше во нуклеарната подморница, американскиот Таутог, леташе со авион Ф-14, беше на носачот на авиони Џон Ф. Кенеди и леташе со МиГ-29.

Воениот рок го отслужил во 1977 година во Битола во 41-та пешадиска дивизија на ЈНА. Тој беше награден со Медал за воени заслуги.

04.08.2021 - 09:51

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега