Почина поранешниот врховен командант на руската копнена армија, Алексеј Маслов

 

Поранешниот врховен командант на руската копнена армија, генерал Алексеј Маслов, ненадејно почина во Москва.

Маслов, кој беше и главен воен претставник на Русија во НАТО, почина на 69-годишна возраст.

Компанијата „Уралвагонзавод“ каде што работеше по воената кариера ја објави неговата смрт. Маслов се пензионираше од воената служба во 2011 година, пишува Гардијан.

Маслов е роден на 23 септември 1953 година.

 

26.12.2022 - 20:22

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега