Почина претседателот на РК Металург

Почина претседателот на Здружението РК Металург Драган Силјановски.

-Денес парче душа од Металург замина од овој свет, денес не напушти Драган Силјановски, претседател на Здружението РК МЕТАЛУРГ и човекот кој беше еден од најголемите поддржувачи на клубот и ракометот воопшто. Од денес неговото столче ќе остане празно, на трибините и во Управата, но неговиот ведар дух засекогаш ќе остане меѓу нас, ќе бидеме уште посилни и посложни, за да може некаде од горе да се гордее со нас и да се радува на нашиот успех, соопштија од клубот.

Засега не се познати причините за смртта на Силјановски.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

16.07.2020 - 21:35

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа