Почина ракометниот тренер Андон Бошковски

Познатиот македонски ракометен тренер Андон Бошковски починал синоќа ненадејно на 47 годишна возраст, соопшти Ракометната федерација на Македонија.

Бошковски беше роден на 5 октомври 1974 година. Како играч настапуваше за составот на Работнички и за кадетската репрезентација на Македонија пред млад да ја заврши играчката кариера поради повреда на раката.

Работеше како тренер во Металург, Вардар, Струга, Голден Арт, Радовиш. Последниот ангажман го имаше на Косово. Беше дел и од стручниот штаб на ракометната репрезентација на Македонија каде работеше во периодот од 2008 до 2013 година.

Неодамна македонскиот ракомет остана и без таткото на Андон и еден од основоположниците на ракометот во нашата земја Лефтер Бошковски.

24.09.2022 - 13:26

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега