Почина родилката од Куманово позитивна на коронавирусот

 Министерството за здравство попладнево соопшти дека почина родилката позитивна на Ковид-19 од Куманово, која на 30 март на Клиниката на гинекологија и акушерство роди недоносено машко бебенце. Бебето е во добра состоја, но е се уште на интензивна нега на Клиниката за гинекологија.

-Министерството за здравство со големо жалење ја информира јавноста дека предмалку почина родилката позитивна на Ковид-19 од Куманово на 27 години. Таа на 30 март на Клиниката за гинекологија и акушерство во Скопје роди недоносено машко новорoденче, негативно на вирусот. Родилката беше префрлена на Инфективната клиника на 31 март поради влошена клиничката слика и отежнато дишење. И покрај напорите на лекарите, брзиот и агресивен развој на болеста беше фатален, се наведува во соопштението од  Министерството за здравство.

Клиниката за гинeкологија и акушерство информира дека, како што се посочува, бебето е во добра состојба, се уште е на интензивна нега и под постојан надзор на тимот од клиниката.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

08.04.2020 - 15:53

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега