Почина шеикот Бин Зајед, брат на владетелот на Обединетите Емирати: Прогласена тридневна жалост во земјата

Братот на шеикот Мухамед бин Зајед, Султан бин Зајед Ал Нахјан почина во Обединетите Арапски Емирати.

Шеикот Мухамед бин Зајед објавил дека неговиот брат Султан бин Зајед Нахјан починал.

По тој повод во Емиратите е прогласена тридневна жалост, а знамињата ќе бидат спуштени на половина копје.

„Мое сочувство до семејството Ал Нахјан и народот на Емиратите поради смртта на шеикот Султан бин Зајед. Зајед синовите оставиле огромна трага во нашата земја и нивната љубов кон Емиратите е огромна. Нека почива во мир“, напишал на Твитер претседателот и премиерот на Емиратите, Мухамед бин Рашид ал Мактум.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

18.11.2019 - 22:26

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега