Почина српската писателка Исидора Бјелица

Српската писателка Исидора Бјелица почина денеска во Белград на 52 години. Веста за трагичната смрт ја потврди нејзината сетра, како и од издавачката куќа Лагуна. Почина во Белград во станот на нејзините родители.

Во 2012 ѝ беше дијагностициран рак, а таа често отворено изјавуваше дека освен со болките, мора да се бори и со психата. Пред еден месец отворено говореше за својата борба со канцерот, која ја водеше со години.

За да ги плати лекувањата во странство, Бјелица мораше да продаде околу 3 илјади ретки книги.

Бјелица е авторка на над 40 дела наменети за различни генерации.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

05.08.2020 - 22:06

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега