Починала на бензинска пумпа на автопатот кај Велес: Докторка со детали за смртта на Портјанко

Пред два дена целата македонска јавност ја потресе веста за смртта на ракометарката Јулија Портјанко.

Портајнко почина на 38-годишна возраст, а како што наведува велешкиот портал „ТиРековМиРече“, несреќниот настан се случил во близина на бензинска пумпа кај Градско, на патот кон Велес.

Портјанко се враќала од Грција кога почувствувала отежнато дишење, по што била повикана итна помош од Велес.

„Била побарана помош, лицето имал отежнато дишење. Испратена е лекарска екипа со доктор Јадранка Мишкова, која била на лице место“, кажа за ТиРековМиРече д-р Василка Пановска, началник на Итната помош.

 

„Веднаш по повикот се упативме на местото на настанот. Пациентката беше без знаци на живот, без пулс, со агонално дишење. Минуваше екипа од приватна болница Филип Втори, кои сами пријдоа, имаше кардиолог во возилото, кој застана и со неговата екипа ја реанимиравме. Побаравме помош и од уште едно возило на велешка итна помош. Реанимацијата траеше 60 минути, беа пуштени повеќе инјекции со адреналин, но беше без успех“, изјавила д-р Јадранка Мишкова.

13.10.2021 - 20:40

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега