Починатата 33 – годишна пациентка имала четири операции, а не една како што било заведено во отпусното писмо

Семејството на 33-годишната пациентка, на која ѝ беше изваден миом од матката, го објави отпусното писмо и јавно бара одговорност од лекарите за смртта на жената.

Обвинуваат за лекарска грешка кога на Клиниката за дигестивна хирургија откриле дека тенкото црево на четири места ѝ било продупчено и сошиено откако ѝ бил изваден миом од матката.

-Во отпусното писмо пишува дека е примена на 29.04.2021,а  починала на ден 09.05.2021. Па на слика прилог дијагноза на која е напиша нејзината последна операција (а вкупно ги имала четири од кои два во исти ден). Напишано е дека и го отвориле стомакот повторно (се сеќавам, а не можам да и да направам скриншот од нашиот разговор додека беше жива дека имала три операции) дека и скратиле еден дел од дебелото црево и повторно го сошиле. Што значи два краеви до здравото црево.  Одрежано е зашто дошло до дупка. Значи, да морале прво да ѝ одрежат тенко црево. Како дошло до самиот заплет?, пишува семејството.

Дали има лекарска грешка ќе утврдува комисија што ќе ја формира министерот за здравство, Венко Филипче. Тој минатата недела најави дека ако има потреба, ќе се направи и стручен надзор на целиот случај, а денес извести дека ќе ја формира комисијата.

 

 

 

 

Добивајте вести на Viber

14.05.2021 - 21:13

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега