Починатиот маж најден во Вардар, најверојатно е застрелан

Идентитетот на мажот, чие безживотно тело беше извлечено од Вардар кај гостиварското село Чегране уште е непознат. По првичните сознанија од увидот на јавниот обвинител, тој бил застрелан.

Од јавното обвинителство Гостивар, информираат дека вчера бил извршен увид на лице место откако во водите на реката Вардар беше пронајдено безживотно тело на маж на возраст меѓу 30 и 40 години.

Првичните сознанија упатуваат дека станува збор за насилна смрт предизвикана од истрели од огнено оружје.

Јавниот обвинител издал наредба за обдукција на телото и се работи на утврдување на причините за смртта како и идентификација на жртвата.

Вчера попладне, жител на селото, забележал тело на човек под мостот кое било во фаза на распаѓање, по што го пријавил случајот во полиција.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

01.01.2021 - 20:32

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега