Починатиот маж во Кавадарци бил албански државјанин и работел во градежништво

Починатиот 44 годишен маж кој бил позитивен на коронавирус бил градежен работник од Албанија кој престојувал во Кавадарци во изнајмен стан каде што живеел сам. Тој од 31 март престанал да оди на работа, а се претпоставува дека веќе три дена бил починат, пишува „НОВА„.

Кај него постмортем е земен брис и истиот вчера потврдил присуство на вирусот. Во Центарот за јавно здравје во Кавадарци за НОВА потврдија дека се пронајдени луѓето со кои контактирал, земен е брис за тестирање и ставени се во изолација од 14 дена.

„Починатиот 44 годишен маж не бил регистриран како заболен, ниту побарал лекарска помош претходно“. потврдија за НОВА од Центарот за јавно здравје во Кавадарци..

Неофицијално, брис им е земен на тројца странци, тоа се луѓе кои што од Албанија престојувале и работеле во Кавадарци заедно со него. Наводно,  во изолација се ставени и седум полициски службеници, како и вработени во Обвинителство кои без заштитна опрема влегле во станот каде што било телото на починатиот.

Епидемиолошката анкета е во тек и се очекува надлежните од Министерството за здравство да излезат со официјални информации и повеќе детали за случајот.

 

 

 

 

Добивајте вести на Viber

08.04.2020 - 17:14

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега