Почна сезоната: Вечерва најзагадено во Карпош, Аеродром и Кисела Вода

Почна сезоната на загадување. Вечерва на апликацијата Мој Воздух највисоки стапки на загаденост има во скопските општини Карпош, Аеродром, Кисела Вода, но и мерната станица во Маџари, Гази Баба.

Највисока вредност на ПМ 10 честичките мерните станици бележат во Карпош, 133 потоа во Аеродром, 118, Кисела вода 105 и Маџари 101 честичка на метар кубен.

Високи се вредностите и на другите мерни станици, како што се тие во Автокоманда и Илинден.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

22.10.2020 - 22:07

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа