Почна средбата меѓу Заев и помалите коалициски партнери

Почна средбата на премиерот Зоран Заев со коалициските партнери во Владата на која треба да се разгледа договорот кој тој вчера го постигна со лидерот на Алтернатива, Африм Гаши за влез на оваа партија во владејачката коалиција и зголемување на парламентарното мнозинство.

Пред почетокот на средбата првиот човек на Демократски Сојуз, Павле Трајанов истакна дека се прават пошироки консултации по што ќе се донесе заеднички став. Сепак, вели де овој процес ќе трае најмалку еден месец.

-Демократскиот сојуз нема намера да уценува и да притиска. Сега владата на СДСМ ќе биде малку покомотна, ќе има 64 пратеници во мнозинството, така што некои од коалициските партнери кои не се задоволни можат слободно да ја напуштат коалицијата, вели Трајанов.

Претседателката на ДОМ, Маја Морачанин, пак, рече дека за нејзината партија е важно да се види кои се програмските приоритети на Новата Влада.

Според првиот човек на НСДП, Тито Петковски, засега нема ниту аргументи „За“ ниту „Против“. Изјава за јавнота Петковски ќе даде откако ќе го слушне постигнатиот договор со Алтернатива.

06.12.2021 - 18:39

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега