Поддршка од Демократски сојуз до Македонците во Бугарија

Денес на отворањето на Македонскиот културен клуб во Благоевград, присуствуваше делегација на Демократскиот сојуз во состав, Борче Јакимовски, Владо Кроневски, Јорданчо Теодосиев и Филип Антовски.
„Делегацијата даде јасна поддршка за признавање на правата на Македонците, при што имаше средба со раководството и основачите на Македонскиот културен клуб. Како што Бугарите во Македонија можат да се здружуваат, да формираат клубови, политички партии, да ги негуваат нивните културни особености, тие права согласно меѓународните и европски конвенции мора да ги имаат и Македонците во Бугарија“, се вели во соопштението на Демократски сојуз.
На отворањето имаше присутно голем број луѓе.
30.10.2022 - 13:21
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа