Поголемиот дел од Грците туристите ги сметаат за закана

Поголемиот дел од Грците сакаат турстите кои ќе стигнат во државата да се бидат тестирани за ковид-19.

Во истражувањето спроведено од АЛЦО, 89 отсто од испитаниците рекле дека туристите би требало да се тестираат.

Само 8 проценти се против тестирање, а 3 отсто рекле „не знам“.

Исто така, поголемиот дел од Грците рекле дека веруваат оти многу влади ги укинуваат рестриктивните мерки многу порано отколку што би требало за економијата да ја стават пред здравјето.

Меѓутоа, по оваа анкета, пандемијата сепак не е најважно прашање за Грците.

49 отсто испитаници рекле дека најголемиот проблем е невработеноста, а само 15 проценти го навеле коронавирусот, јавува Б92.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

10.06.2020 - 19:26

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега