Полицаец добил струен удар од семафор во Скопје

Вчераутро на крстосница во близина на скопскиот Саем, полицаец добил струен удар во моментот кога се обидувал да ги исклучи семафорите на крстосницата, соопшти МВР.

На 10.05.2021 околу 09.30 часот во СВР Скопје било пријавено дека на крстосница од булеварите „Беласица“ и „Гоце Делчев“, додека полициски службеник од СВР Скопје вршел службени дејства, се здобил со повреди, при исклучување на семафор (струен удар)“, велат од полицијата.

Тој е пренесен во Комплекс клиники „Мајка Тереза“ за укажување на лекарска помош, а увид на местото извршила екипа од СВР Скопје, се додава во соопштението од МВР.

 

 

 

 

Добивајте вести на Viber

11.05.2021 - 17:18

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега