Полицаец од Скопје уапсен со група дилери во Гостивар

 

Полициски службеник од Скопје бил уапсен вечра во Гостивар, откако бил фатен со група на дилери.

„На 24.06.2020 во 21,40 часот во Гостивар на ул.„Илинденска“ поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело “недозволено изработување, држење и тргување со оружје или распрскувачки материи“ и “неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурсори“ од полициски службеници од Полициската станица Гостивар лишени од слобода биле Е.В.(29), М.К.(20), Л.Б.(24) сите од Скопје и М.К.(25), полициски службеник од Скопје.

Имено, при извршениот преглед врз патничко моторно возило „БМВ“ со скопски регистарски ознаки управувано од М.К. пронајдено било огнено оружје–непозната марка, со рамка и осум куршуми како и кеса со остатоци од прашкаста материја. Известен бил Одделот за внатрешна контрола, криминалистички истраги и професионални стандарди“ велат од полиција.

Се преземаат мерки за целосно расчистување на случајот.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

25.06.2020 - 10:48

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега