Полицаец пуштил жена да помине преку граничниот премин „Табановце“ без направен ПСР тест и не ја завел во елетрксонкиот систем

 

СВР Куманово поднесе кривична пријава против 28-годишниот М.А. од Куманово, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „злоупотреба на службена положба и овластување“.

- На 10.06.2020 во 17.40 часот пријавениот, вработен како полицаец во Полициската станица за Граничен премин „Табановце“, при вршење на пасошка контрола, ѝ дозволил на А.С. влез во Македонија, при што не ја завел во електронски систем како патник кој влегува во Македонија и не побарал задолжителен ПСР тест за Ковид -19, односно не постапил согласно изречени мерки на Владата - информира МВР.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

02.07.2020 - 17:03

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа