Полиција со детали за дојавата за бомба во македонското Собрание

Непознат граѓанин синоќа на телефонскиот број 192 пријавил дека „во Собранието на РМ ќе има бомба“, соопшти МВР.

Пријавата е евидентирана во 23 и 03 часот.  За настанот е известен Одделот за антитероризам на МВР и по извршените проверки од нивна страна на 45 минути по полноќ е констатирано дека се работи за лажна пријава.

Се преземаат мерки за целосно расчистување на настанот.

 
 
31.01.2017 - 12:35

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега