Полиција во центарот на Скопје избрка градежни работници - сопственикот тврди дека објектот не е дивоградба

 

Денеска полицијата во центарот на Скопје избрка градежни работници од објект за кои велат дека нема дозвола за градба, објави ТВ21.

Присутен бил и сопственикот на објектот, Борис Стоjменов, кој влегол во конфликт со полицијата.

Стојменов за ТВ21 посочи дека хотелот не е дивоградба, а обвини и дека му бараат мито од еден милион евра за да можат да продолжат со работа.

„Четири години со платени комуналии, платено се, не може да градиме затоа што бараат милион евра мито. Не им давам мито“, порача Стојменов.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

25.07.2020 - 14:46

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега