Полицијата апсеше низ Скопје - Приведени пет лица

Полицијата вчера апсеше на неколку локации во Скопје.

На 16.01.2020 полициски службеници од Eдиницата за недозволена трговија со дрога и оружје при СВР Скопје ја лишиле од слобода М.Л.(36) од Скопје, затоа што при претрес во нејзиниот дом во населбата Карпошбила пронајдена и одземена марихуана. По целосно документирање на случајот, против неа ќе биде поднесен соодветен поднесок.

На 16.01.2020 во 19.15 часот, полициски службеници од СВР Скопје на подрачјето на Бит пазар го лишиле од слобода Е.Ш.(31) од Скопје, затоа што при извршен преглед кај него била пронајдена марихуана. По документирање на случајот, против него ќе биде поднесен соодветен поднесок.

На 16.01.2020 во 16.15 часот, полициски службеници од СВР Скопје на ул.„Михаил Чаков“ ги лишиле од слобода А.Г.(26) и А.П.(28), двајцата од Скопје, затоа што при извршен преглед кај нив била пронајдена марихуана. По документирање на случајот, против нив ќе биде поднесен соодветен поднесок.

На 16.01.2020 во 12.00 часот, полициски службеници од СВР Скопје на подрачјето на Гази Баба го лишиле од слобода И.П.(27) од Скопје, затоа што при извршен преглед кај него била пронајдена марихуана. По документирање на случајот, против него ќе биде поднесен соодветен поднесок.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

17.01.2020 - 10:52

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега