Полицијата апсеше во Скопје

Во 20.40 часот, полициски службеници од СВР Скопје на подрачјето на Гази Баба го лишиле од слобода Б.И.(28) од Скопје, затоа што при извршен преглед кај него била пронајдена марихуана.

По документирање на случајот, против него ќе биде поднесен соодветен поднесок.

 исто така, во 21.00 часот, полициски службеници од СВР Скопје на ул.„Владимир Полежиновски“ го лишиле од слобода Б.Ј.(21) од Скопје, затоа што при извршен преглед кај него била пронајдена марихуана.

По документирање на случајот, против него ќе биде поднесен соодветен поднесок.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

27.01.2020 - 11:11

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега