Полицијата фатила двајца скопјани додека местат висечки банер на политичка партија без дозвола

 

МВР информираше дека синоќа во 00:15 часот во СВР Скопје било пријавено дека на надвозник на ул.„Лука Геров“ бил забележан предизборен плакат на политичка партија, а на трансформатор од ЕВН имало залепени плакати од политичка партија. Подоцна, во 01.07 часот во СВР Скопје било пријавено дека на ул.„4 Јули“, во населба Дексион, од полициски службеници од Полициска станица Ѓорче Петров биле забележани Б.С.(29) и В.Р.(40), двајцата од Скопје, како поставуваат висечки банер на политичка партија, и истите се изјасниле дека немаат одобрение за поставување на банери. Во текот на вечерта 02/03.07.2020 на подрачје на Општина Ѓорче Петров биле поставени околу 5-6 висечки банери на повеќе локации. Се преземаат мерки за расчистување на случајот, велат од полицијата.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

03.07.2020 - 17:20

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега