Полицијата ги фати на дело: Уапсени двајца скопјани

Две лица биле уапсени вчера на улица во Скопје откако полицајци ги фатиле на дело со дрога.

Во 17.30 часот вчера полициски службеници од СВР Скопје на улицата „Козле“ го привеле  22-годишниот Ф.С. од Скопје, затоа што при извршен преглед кај него била пронајдена марихуана. 

Претходно во 11.45 часот полициски службеници од СВР Скопје од улицата „Ордан Чопела“ го привеле 28-годишниот А.Ќ. од Скопје, затоа што при извршен преглед кај него била пронајдена прашкаста материја.

По документирање на случајот против нив ќе биде поднесен соодветен поднесок.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

05.09.2019 - 18:54

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега