Полицијата ги расчисти случаите со тепачките на малолетници низ Скопје

СВР Скопје изминативе денови расчисти уште три случаи на физички напади во кои што биле инволвирани малолетници.

На подрачјето на Полициската станица - Чаир расчистен е настанот кој што се случи во понеделникот околу 13,30 часот на ул. „Костурска“ поточно во кругот на училишниот двор на СУГС „Арсени Јовков“ каде од страна на две лица (ученици во втора година во СУГС „Арсени Јовков“) физички бил нападнат малолетеникот Б.Д. (15),ученик во прва година во истото училиште. Притоа тој бил удиран со боксови и клоци во пределот на главата и телото, по што влегол во училиштето на првиот кат, каде што дошло уште едно лице,најверојатно ученик во 4-та година во СУГС „Арсени Јовков“,кој го удрил Б.Д. во пределот на устата, нанесувајки му видливи повреди.

Од страна на СВР-Скопје беа преземени мерки за откривање на сторителите на физичкиот напад и против истите поднесено е Барање за поведување прекршочна постапка.Станува збор за малолетните лица Е.З. (15) и Е.К. (15) двајцата од Скопје.

Вториот случај е реализиран на подрачјето на ПС од ОН Гази Баба, кога завчера околу 18 часот на ул. „Алија Авдовиќ“ на автобуската постојка, поточно во автобус бр.65 кој се движел во правец на село Стајковци, бил нападнат малолетникот Н.П.(15). Физичкиот напад е извршен од страна на две непознати лица на возраст од околу 17 години, кои без посебен повод и причина почнале да го удираат со тупаници во пределот на лицето, со што му  нанеле видливи повреди. Од страна на СВР-Скопје преземени се мерки за расчистување на истиот и против малолетникот А.Ш. (17) од Скопје ќе биде поднесено Барање за поведување на прекршочна постапка.

И во третиот случај од вчера, соопшти денеска МВР, идентификувани се напаѓачите Е.С. (18) од Долно Количани и Е.Б (16) од село Батинци, кои околу 19,30 часот на булеварот „Трета Македноска Бригада“ на автобуската постојка пред ДСУ “Владо Тасевски“, физички ги нападнале С.А. (17) и К.С. (17) удирајќи ги со тупаници во пределот на телата и главите. Од нападот, оштетените се здобиле со повреди во вид на отоци и црвенило на лицето. Причина за физичкиот напад е претходна расправија помеѓу Е.С. и С.А. Од страна на УПС,веднаш е интервенирано, физичкиот напад е расчистен и ќе следат соодветни поднесоци

19.12.2013 - 12:36

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега