Полицијата ги стопирала, но одбиле да застанат- три лица уапсени по претрес на возилото

Три лица биле уапсени доцна синоќа на патот Кичево- Гостивар откако претхдно не застанале на знак стоп од страна на полицијата, а подоцна во автомобилот биле пронајдени приротехнички сретства, солзавеци фантомка.

Според пријавеното, ноќеска околу 01.30 часот магистралниот пат Кичево – Гостивар, кај Тајмишка крстосница, полициски службеници од Полициската станица Кичево ги лишиле од слобода Ј.М.(31) од Куманово, И.П.(34) од с.Калиште, пробиштипско и М.Б.(49) од с.Прждево, демиркаписко, затоа што со возило „мерцедес“, кое го управувал Ј.М., не застанале на знак за запирање од полициски службеници и затоа што при преглед во возилото биле пронајдени и одземени повеќе различни видови пиротехнички средства.

Додека при нивен преглед, кај И.П. бил пронајден солзавец и капа „фантомка“. Тие биле приведени во полициска станица и по целосно документирање на случајот против нив ќе бидат поднесени соодветни пријави по Законот за оружје и по член 206 од Кривичниот законик.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

25.04.2021 - 11:51

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа