Полицијата казни 164 возачи

Полициските службеници во текот на вчерашниот ден (26.05.2022) имаа засилени акциски контроли на територија на Град Скопје и изрекоа 164 казни.

„Меѓу кои за возење повеќе од дозволената брзина 13 санкции, 13 мерки за возење без возачка дозвола, 25 санкции за прекршоци што ги прават пешаците.
Изречени се 16 мерки за прекршоци што ги прават возачите на мотоцикл, пет санкции за возење под дејство на алкохол, девет мерки за недавање првенство на минување на пешаци, шест санкции за возач почетник...“, информираат од МВР.

Засилените акциски контроли продолжуваат.

27.05.2022 - 09:34

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега