Полицијата казни 90 возачи на територија на СВР Битола

Полициските службеници денеска од 14.00 до 20.00 на територијата на СВР Битола имаа засилена акција за санкционирање на возачите кои се движат со поголема брзина од дозволената.

 

Како што информира МВР, од нив, 69 возачи ја пречекориле брзината во населено место, а 21 надвор од населено место. 31 возачи се санкционирани на територија на Ресен, 24 на територија на Демир Хисар, 16 во Прилеп…

Засилените акции продолжуваат и во следните денови, соопшти МВР.

17.08.2022 - 21:50

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа