Полицијата потврди: Маж уби 11 луѓе, а повреди шест во Цетиње

 

Во Цетиње беа убиени 11 лица, при што шест се повредени, е меѓу нив е и припадник на полицијата.

 

Медиумите откриваат дека на трагедијата ѝ претходела семејна караница, по што напаѓачот земал оружје и почнал да пука.

 

Во болницата на Цетиње се примени четири лица, додека две повредени лица се пренесени во Подгорица.

 

Според неофицијалните информации, напаѓачот е 34-годишен маж и пукал и на деца, а засега не е познат идентитетот на загинатите.

 

 

12.08.2022 - 19:10

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега