Полицијата прави парче - Тројца скопјани уапсени на улица

 

Три лица вчера пред полноќ биле приведени од страна на македонската полиција.

45 минути пред полноќ на булеварот „Јане Сандански“ во Скопје, полициски службеници од СВР Скопје ги лишиле од слобода 23-годишниот О.Б. од Палиград - Зелениково и двајца малолетници, поради тоа што претходно, на улицата „Симеон Кавракиров“ физички го нападнале С.С. и му одзеле златен накит.

Тие биле приведени во полициска станица и по целосно документирање на случајот, против нив ќе биде поднесен соодветен поднесок.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

14.11.2019 - 17:10

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега