Полицијата разби новогодишни прослави во две кафеани и казино во Тетово: Уапсени четри лица

Полицијата вчера разбила три новогодишни прослави во Тетово и околината.

-Во периодот од 22.55 часот до 01.40 часот полициски службеници од СВР Тетово спровеле акциска контрола во угостителски објект и казино во с.Жеровјане, тетовско, кои работеле по дозволеното време и во нив престојувале гости. Притоа, од слобода биле лишени А.А.(30) од с.Боговиње, тетовско, и Б.П.(29) од Тетово, одговорни лица во објектите. Тие биле задржани во полициска станица за понатамошна постапка и ќе им бидат изготвени записници по чл.206 од Кривичниот законик, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „непостапување според здравствените прописи за време на епидемија“. Исто така, во објектот бил приведен и Б.К.(50) од с.Форино, гостиварско, поради агресивно однесување и непостапување по наредба на полициски службеник. По целосно расчистување и документирање на случајот ќе следи соодветен поднесок, велат од полицијата.

Исто така, полицијата влегла и во кафеана во селото Порој каде имало новогодишна прослава.

-Синоќа во 23.50 часот полициски службеници од СВР Тетово го лишиле од слобода Ф.А.(57) од с.Порој, тетовско, сопственик на угостителски објект на ул.„Маршал Тито“ во Тетово, кој работел по дозволеното време и во кој престојувале неколку гости. Тој бил задржан во полициска станица за понатамошна постапка и ќе му биде изготвен поднесок по чл.206 од Кривичниот законик поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „непостапување според здравствените прописи за време на епидемија“, појаснуваа од МВР.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

01.01.2021 - 13:12

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега