Полицијата со бизарно предупредување до жителите по ураганот Ирма

Полицијата на Флорида овие денови издаде бизарна наредба која ги запрепасти жителите, но и светот.

Тие преку социјалните мрежи повикаа граѓаните да не користат оружје за да го избркаат ураганот.

 

-Да разјасниме, немојте да пукате со пиштоли и оружје по ураганот Ирма, тој нема да си замине, а последиците можат да бидат опасни, напиша на својот Твитер профил полицијата.

Според полицијата оваа наредба ја издале откако претходно на социјалните мрежи се појавиле написи жителите да користат оружје за да го избркаат ураганот. Оваа идеја како што наведува полицијата се јавила кај народот од стрес и досада.

 

 

 

12.09.2017 - 11:37

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега