Полицијата сопрела битолчанец, но наместо да застане продолжил да вози и од прозор ја фрлил марихуаната

СВР Битола поднесе кривична пријава против З.К.(34) од Битола, поради постоење основи на сомнение за сторени три кривични дела „неовластено производство и пуштање во промет наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурсори“ и едно кривично дело „овозможување на употреба на наркотични дроги“.

На 11.08.2019 од полициски службеници биле преземени мерки за запирање на патничко возило кое било управувано од пријавениот, при што тој не запрел на дадениот знак и во близина на Кукуречанска раскрсница, преку прозорец од возилото, исфрлил марихуана. На 06.09.2019, при извршен претрес во неговиот дом, била пронајдена марихуана.

Покрај ова, во текот на 2019 на различни локации низ Битола, пријавениот во повеќе наврати му продавал марихуана на 17-годишник од Битола.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

01.07.2020 - 16:05

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега