Полицијата влезе во куќа во Визбегово - 29-годишник уапсен за кражба на велосипеди

Полицијата приведе 29-годишен скопјанец осомничен за кражби на велосипеди.

Според информациите на МВР, денеска полициски службеници извршиле претрес во домот на Е.Х.(29) во село Визбегово, Скопско, при што биле пронајдени седум велосипеди, кои биле украдени.

Тој бил приведен во полициска станица и по целосно документирање на случаите против него ќе биде поднесена соодветна пријава.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

28.04.2021 - 19:45

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега