Полицијата во акција: Казнети 40 возачи на мотори, задржани 13 мотори

Во периодот од 19.30 до 01.00 часот вчера вечер, Одделението за безбедност на патниот сообраќај при Секторот за внатрешни работи Скопје спроведе зајакната акциска контрола за откривање на прекршоци што ги прават возачи на мотоцикли.

При контролата, соопшти денеска МВР, откриени се 40 возачи на мотоцикли кои сториле прекршоци, за што им се издадени исто толку прекршочни платни налози.

Покрај тоа, се посочува во соопштението, поради основи на сомнение за техничка неисправност (создавање бучава) одземени и задржани се 13 мотоцикли за натамошна постапка за проверка на техничка исправност.

Откриени се и 43 останати прекршоци за што се издадени 19 мандатни платни налози и 24 прекшочни платни налози.

Во периодот од 01.01.2019 до 31.08.2019 на територијата на Скопје санкционирани се 1111 мотоциклисти.

Министерството за внатрешни работи и во наредните денови ќе продолжи со зајакнати акциски контроли со цел санкционирање на прекршителите на законите. 

 

 

 

Добивајте вести на Viber

06.09.2019 - 11:59

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега