Полицијата води преговори со човекот кој го запре убиецот на Цетиње: Ќе се предадел само под еден услов

Според неофицијални информации на српските медиуми, преговорите меѓу полицијата и Нено Калуѓеровиќ се во тек.

Калуѓеровиќ во моментов преговара со полицијата да се предаде, според неофицијални информации, доколку високиот државен обвинител одлучи да не му одреди притвор.

Според очевидци, на полицијата и требало долго време да почне да ги ликвидира напаѓачите. Во размената на оган полицијата наводно успеала да го рани Бориловиќ, но тој возвратил и тешко ранил и еден од полицајците.

Калуѓеровиќ, кој е кум на една од жртвите, убиениот Милан Митровиќ, успеал да му пријде од другата страна каде теренот бил понепристапен и да го доврши кога веќе бил ранет.

 

13.08.2022 - 12:54

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега