Полициска патрола била протерана од скопско Арачиново од страна на вооружена група

Неофицијално доцна синоќа полициска патрола била протерана од скопско Арачиново од вооружена група откако претходно се обидела да запре возило кое било управувано од лице што не поседувало документи, пренесува ТВ Телма.

Лицето се здало во бегство, а откако патролата тргнала по него била пресретната од вооружена група по што морала да го напушти местото велат извори за Телма.

Утрово од МВР се уште не се огласиле во врска со овој настан.

Телма, повикувајќи се на свои извори, пренесува дека случајот не бил пријавен кај надлежните, но и ова не бил единствен ваков настан.

02.12.2022 - 09:29

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа