Полициски службеник повреден при напад на Водно

 


Денеска во 02.10 часот по полноќ во Скопје, на Средно Водно, поточно на паркинг просторот, при преземање службени активност од страна на полициски службеници од Единицата за интервентна полиција за легитимирање на машко лице, лицето почнало да упатува вербални навреди и пцовки, а во еден момент замавнал и со двете раце удрил полициски службеник во пределот на градниот кош.

По настанот, поради болка во градниот кош полицискиот службеник е однесен во ГОБ „8-ми Септември“ за укажување за лекарска помош.


 

Се преземаат мерки за целосно расчистување на случајот. 

19.07.2025 - 14:50

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега