Политичар со име Адолф Хитлер победи на избори: Сега е прекасно да го менувам името

Политичар кој своето име го добил по Адолф Хилтер победи на регионалните избори во Намибија.

Адолф Хитлер Уунона е избран зо 85 отсто од гласовите, а се наоѓал на листата на владејачката „SWAPO“ која во таа држава на власт е од 1990 година.

За германски Билд изјавил дека тој нема никаква врска со нацисктичката идеологија.

-Татко ми ми го даде името по тој човек веројатно бидејќи не разбогал за што се залагал Адолф Хитлер. Како дете мислев оти тоа сосема нормално име, дури како тинејџер сфатив дека станува збор за човек кој сакал да го покори целиот свет, вели тој.

Додава дека сопругата го нарекува едноставно „Адолф“, а тој најчесто го користи името Адолф Уунона, но вели оти сега е прекасно за да го промени името.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

03.12.2020 - 23:26

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега