Политичарка од Нов Зеланд на породување отишла со својот велосипед (ФОТО)

Пратеничката од Нов Зеланд, Џули Ана Гентер, избрала необичен начин да стигне до болница за нејзиното породување. Политичарката се качила на велосипедот и отишла во болница иако веќе имала болки и се породила еден час подоцна.

„Одлични вести! Утрово во 3 часот и 4 минути наутро го пречекавме најновиот член на семејството. Искрено не планирав да се породам, но на крајот се случи. Моите контракции не беа толку лоши кога тргнавме во 2 часот по полноќ за да одиме во болница – иако бевме оддалечени 2-3 минути, тие се интензивираа и стигнавме 10 минути подоцна“, напиша Гентер на Фејзбук.

28.11.2021 - 15:26

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега