Политиколозите предупредуваат: Најмалку од се ни требаат предвремени избори

Марко Трошановски, политиколог од Институт за демократија во денешното гостување во Утрински брифинг истакна дека покрај се што се случува во нашата држава, најмалку ни требаат предвремени избори.

-Се наоѓаме во важен момент на можна разрешница на спорот со Бугарија, се наоѓаме во енергетска, имаме кризна состојба прогласена од владата  и економска криза итн. Мислам дека најмалку од се што ни треба се предвремени парламентарни избори, а со оглед на констелацијата, како стојат работите дека има мнозинство за рушење на влада, а нема мнозинство за формирање на влада, најизгледна опција се предвремени парламентарни избори кои секако не ни требаат во овој период, истакна политикологот Трошановски.

08.11.2021 - 12:39

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега