Полни раце работа за полицијата - фатени 15 лица со дрога

Полициските службеници во текот на изминатото деноноќие фатиле 15 лица кои во себе имале дрога.  Најголем дел од нив имале марихуана, но фатени биле и лица со прашкаста материја, но и таблети.

-Синоќа во 00.40 часот од угостителски објект на ул.„А.Шурков“ во Велес, полициски службеници од СВР Велес ги лишиле од слобода П.М.(26), С.Д.(45),  И.К.(43), сите од Велес и В.Т.(31) од Прилеп, затоа што кај нив биле пронајдени марихуана и бела прашкаста материја, велат од полицијата.

Тие биле приведени во полициска станица и по целосно документирање на случајот против нив ќе биде поднесен соодветен поднесок.

Во Катланово марихуана била пронајдена кај две лица.

-Вчера во 15.00 часот во с.Катланово, скопско, полициски службеници од СВР Скопје ги лишиле од слобода Н.Б.(45) и К.Н.(20), двајцата од с.Катланово, затоа што кај нив била пронајдена марихуана, се вели во полицискиот билтен.

Тие биле приведени во полициска станица и по целосно документирање на случајот против нив ќе биде поднесен соодветен поднесок.

И во Битола марихуана била пронајдена кај 32-годишен маж.

-Вччера во 23.15 часот на ул.„Св.Климент Охридски“ во Битола, полициски службеници од СВР Битола го лишиле од слобода З.Д.(32) од Битола, затоа што кај него била пронајдена марихуана, велат од МВР.

Тој бил приведен во полициска станица и по целосно документирање на случајот против него ќе биде поднесен соодветен поднесок.

Три лица имале марихуана во себе и во тетовското село Горно Седларце.

-Вчера во 23.45 часот во с.Горно Седларце, тетовско, полициски службеници од СВР Тетово ги лишиле од слобода С.И.(29), Л.С.(29) и Л.Д.(28), сите од с.Челопек, тетовско, затоа што кај нив била пронајдена марихуана. Тие биле приведени во полициска станица и по целосно документирање на случајот против нив ќе биде поднесен соодветен поднесок, појаснуваат од полицијата.

Марихуана и таблети биле пронајдени неколку млади во Струмица.

-Вчера во 23.00 часот во СВР Струмица биле лишени од слобода И.Л.Б.(19),  Ј.К.(20), Ј.П.(26), Г.М.(22) и Ф.М.(22), сите од Струмица, затоа што кај нив биле пронајдени марихуана, таблетки со виолетова боја и дробилки.  Тие биле приведени во полициска станица и по целосно документирање на случајот против нив ќе биде поднесен соодветен поднесок, се вели во полицискиот битлен.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

27.09.2020 - 11:35

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега