Полскиот министер за правда дециден: Не треба да платиме ниту една казна од ЕУ

Полскиот министер за правда Збигњев Зиобро денеска изјави дека неговата земја не треба да плати ниту една од изречените дневни казни од по 1,5 милион евра, од страна на највисокиот суд на ЕУ oткако Варшава ги игнорираше мерките за промени во судството и работата на рудниците за лигнит.

Зиобро ги нарече незаконски забраните од Европскиот суд на правдата, пренесе АП.

Полска инсистира на тоа дека Европскиот суд нема јурисдикција над нејзиното судство.

Европскиот суд на правдата вчера преку соопштение потврди дека ѝ наредил на Полска да ѝ плаќа по милион евра дневно на Европската комисија поради констатираното прекршување на принципите на владеење на правото, а таквата казна да се применува се додека не се испочитуваат одлуките на Судот.

Минатиот месец судот ја казни Полска со 500.000 евра дневно поради непочитување на забраната за затворање на рудникот за лигнит Туров.

„Полската држава не може да потклекнува пред беззаконие“, рече Зиобро на прес-конференција.

„Без разлика дали се работи за незаконските казни поврзани со Туров… или казните за реформи во судството, Полска не може и не треба да плати ниту еден злот“, рече Зиобро, кој е иницијатор на промените во полскиот судски систем.

ЕУ предупреди дека може да ја суспендира исплатата на средства за закрепнување од пандемијата во Полска доколку Дисциплинскиот совет на полскиот Врховен суд – телото овластено од владејачката партија да дисциплинира судии, не биде укинат, додека претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лаен, вчера изрази надеж дека ќе биде постигнат компромис.

28.10.2021 - 19:13

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега