Полскиот претседател: Русите во Украина го прават тоа што нацистите го направија во Варшава

 

Страдањето на Украинците поради руската инвазија е споредливо со ситуацијата во Полска за време на Втората светска војна, изјави денеска полскиот претседател Анджеј Дуда на изложбата на фотографии од Мариупол и Варшава.

„Она што се случи овде во Варшава за време на Втората светска војна, кога Германците безмилосно го убиваа цивилното население на нашиот главен град, е слично на безмилосноста на руската агресија во Украина“, рече Дуда.

„Колку се слични овие фотографии, колку е идентична монструозноста на оние што убиваат, што уништуваат“, изјави полскиот претседател.

„Злосторствата треба да одговараат“

Тој рече дека одговорните за воените злосторства не смее да останат неказнети.

„Тоа е должност на цивилизираниот свет денес. Мора да се формираат соодветни судови, злосторствата треба да одговараат“, посочи полскиот претседател наведувајќи дека сторителите обично лесно се идентификуваат.

На 1 август Полска го означува почетокот на Варшавското востание против германската окупација, кое почна на овој ден 1944 година.

Тогаш полските сили биле поразени, но по висока цена, а цела Варшава била казнета со целосно уништување на градот и протерување на населението. Илјадници беа однесени во германските концентрациони логори, пренесе „Индекс.хр“.

01.08.2022 - 22:01

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега