Поплави во Кина: 33 мртви, десетици илјади евакуирани

Десетици илјади луѓе се евакуирани од поплавените подрачја во централниот дел на Кина во четвртокот, а бројот на жртви порасна на 33 лица.

Неколку градови беа поплавени и посевите уништени бидејќи катастрофалното време се прошири на север, а официјалната новинска агенција „Синхуа“ досега објави директни економски загуби од 189 милиони долари.

Метеоролошките служби го зголемија нивото на предупредување за невреме за четири града во северниот дел на Хенан на црвено – највисоко ниво на системот за предупредување во четири фази.

Меѓу загинатите се и 12 лица кои биле во подземната железница во главниот град на провинцијата Џенгџоу, околу 650 километри југо-западно од Пекинг, којашто беше поплавена. Осум лица се водат за исчезнати низ целата провинција.

Повеќе од 73.000 луѓе се евакуирани од градот Анјанг, на границата со провинцијата Хенан и Хебеи, откако од понеделникот беа поплавени од над 600 мм дожд, објави официјалната новинска агенција „Синхуа“.

Ксинџианг, мало гратче северно од Џенгџоу, забележа 812 мм дожд помеѓу вторникот и четвртокот, соборувајќи ги локалните метеоролошки рекорди. Седум вештачки езера се излеаја во градот, а погодија многу блиски села и градови.

Од крајот на средата, повеќе од 470.000 луѓе и повеќе од 55.000 хектари земјоделски култури се погодени од врнежите од дожд. Локалната влада распореди повеќе од 76.000 членови на тимот за пребарување и спасување.

Макфакс

22.07.2021 - 09:38

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега