Попова: Шилегов да си поднесе оставка, недозволиво е што со градско претпријатие управувало лице фатено со кокаин

Шилегов трет ден молчи во врска со скандалот во кој лице кое тој го именувал за директор на ЈП е фатен со две кесички кокаин. Шилегов не излезе ниту да се извини на скопјани затоа што на една од најклучните позиции во градот поставил лице кое е фатено со кокаин, изјави денеска на прес-конференција советничката во Град Скопје од редовите на ВМРО-ДПМНЕ, Ирена Попова.

Според неа, Шилегов не собрал храброст ниту за тоа, а не успеал да смогне сили и да си поднесе оставка.

-Шилегов мора да сноси одговорност затоа што од него именувани лица се во средиште на скандал со наркотици. Недозволиво е луѓе кои што се под сомнение дека се конзументи на дрога да вршат јавни функции. Шилегов треба да сноси одговорност затоа што тој ги поставил. Скопјани имаат право да се сомневаат дека во изминативе три години со градот управуваат лица корисници на кокаин, и дека заради тоа градот е таков каков што е. Полн со ѓубре, дупки по булеварите, диви депонии насекаде, рече Попова.

Вели дека е очигледно оти Шилегов и неговите директори во изминатите три години биле поставени на сѐ, само на Скопје не.

-Скопје не смее да биде заложник на Шилегов и од него поставените директори корисници на кокаин. Скопје заслужува подобро. Господине Шилегов смогнете сила и направете го најдобриот чекор во вашата кариера - поднесете си оставка, Скопје го заслужува тоа, рече Попова.

Попова: Шилегов да си поднесе оставка, недозволиво е што со претпријатие управувало лице фатено со кокаин

Posted by Press24.mk on Thursday, 20 August 2020

 

 

 

Добивајте вести на Viber

20.08.2020 - 14:03

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега