Популарниот ТВ-готвач почина од коронавирус - последното селфи го објави од болница

Познатиот ТВ-готвач Флојд Кардоз на 60-годишна возраст почина од последици од коронавирус.

„Со голема тага ви јавуваме дека почина шеф Флојд Кардоз“, објавиле од „Hunger Inc. Hospitality“, каде што овој популарен готвач работел.

Флојд дознал дека е позитивен на коронавирус на 18 март, а во болницата бил примен ден порано, на 17 март.

Симптомите почнал да ги чувствува откако се вратил од Индија, каде го снимал серијалот на „Нетфликс“, „Ugly Delicious“ со актерот Азиз Ансари.

Готвачот на 17 март објавил и селфи од болницата на Инстаграм.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

27.03.2020 - 10:40

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега