Поради дефект во водоводна мрежа без вода делови од Скопје

Поради уличен дефект ф-150 мм на улица „Банско“ 4, денеска прекинато водоснабдување ќе имаат корисниците од улиците „Банско“, „Баница“ и дел од „Востаничка“.

Како што информираат од ЈП „Водовод и канализација“ – Скопје водоснабдувањето ќе биде прекинато од 10:00 часот до завршување со санација на дефектот.

Поради уличен дефект ф-63 мм на ул. „Речиште“ 38, прекинато водоснабдување ќе имаат и корисниците од улиците „Речиште“, „Сердарот“, „Партизански Пат“ и дел од „Јустинијан Први“. Водоснабдувањето ќе биде прекинато од 10:00 часот до завршување со санација на дефектот.

09.08.2022 - 10:20

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа