Поради коронавирусот спие во шатор: Екстремните мерки за заштита на овој лекар го воодушевија светот (ФОТО)

Докотор Тими Ченг, лекар од Калифорнија, специјализиран за белодробни заболувања, како и негови многубројни колеги,  се бори со инфекцијата коронавирус.

Поради својата работа тој е во ризичната група, па одличил да го заштити семејството и да се изолира.Првите вечери после работа преспивал во автомобилот и спиел во боницата неколку вечери.

Потоа сопругата му предложила да спие во шатор во нивната гаража, на што докторот се согласил, пренесува НБЦ.

Ставил шатор во гаражата, душек и лаптоп, а семејството му носи храна.

Постот на фејсбук на доктор Ченг е лајкуван над 17 илјади пат и  споделен 39.000 пати.Во постот е доктор Ченг на фотографиите додека е во изолација и апелира сите да останат дома и со тоа да придонесат во борбата против јоронавирусот.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

30.03.2020 - 10:58

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега