Поради непочитување на полицискиот час уапсени 18 лица - 74 поминале со опомена

Иминатата ноќ 18 лица биле уапсени, додека 74 поминале со опомена поради непочитување на полицискиот час, дознава Пресс24 од владини извори.

Од приведените, како што дознаваме, петмина биле од Тетово, по двајца од Гостивар, Радовиш и од Куманово, кај кои било пронајдено и оружје, а по еден од Штип и Кочани.

Уапсените лица не само што не го почитувале полицискиот час туку и се однесувале агресивно.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

23.03.2020 - 12:15

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега